Маричиќ: Задача на целото општество е да работиме на зачленување во ЕУ
Ние како Влада се боревме да оствариме две битни цели – да си ја оствариме нашата надворешна политичка цел за членство во ЕУ, за да не остане таа само на хартија и само во теорија и втората е да си го заштитиме нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
– Јас сметам дека тоа е возможно. Дека ние може да влеземе во ЕУ во догледно време како Македонци кои говорат македонски јазик. Ако тоа го сфатиме и работиме на таа кауза и како политички партии и како поединци и како медиуми и општествени чинители, можеме да го постигнеме сето тоа. Ова е задача на целото општество, порача Маричиќ во изјава од Брисел за „Студио 10“ на ТВ24.
Тој нагласи дека не треба самите да се закочиме себе си по прифаќањето на францускиот предлог, односно по преземањето на обврската за внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, па затоа е важно и опозицијата да биде вклучена во преговорите и верувам дека во ВМРО- ДПМНЕ има и пратеници и политичари кои ја сфаќаат тежината на овој процес, кои сфаќаат дека овој процес е неповторлив.
– Јавно го повикувам Александар Николоски како претседател на Националниот совет за европска интеграција, да седнеме и да разговараме на кој начин тоа тело, а со тоа и опозицијата, ќе има улога во овој процес. Ние во текот на скринингот ќе треба да утврдиме преговарачки позиции, тоа значи дека треба да се обврземе за колку време можеме некои работи да ги прифатиме и да ги исполниме. Во тоа има улога и Собранието, рече Маричиќ.
Според Маричиќ, кој воедно е главен преговарач на земјава со ЕУ, внесувањето на Бугарите во Уставот содржински не би требало да биде проблем, бидејќи нашиот Устав познава повеќе заедници со сите нивни права, а тоа го имаат кажано и неколку политичари од ВМРО-ДПМНЕ.
Маричиќ смета дека консензусот за наше членство во ЕУ треба да се обнови и дека не би било фер кон граѓаните, ниту пак кон државата, да се блокираме самите себе, бидејќи и онака доволно чекавме, доволно бевме блокирани и имавме пречки досега.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот