Маричиќ: Трудот мора да се плати, а работникот да се цени
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на својот Фејсбук профил им го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот на сите работници.
Маричиќ порача дека трудот мора да се плати, а работникот да се цени.
-Први мај и оваа година традиционално ги слави добиените битки, но поставува и нови барања бидејќи борбата за подобар, поправеден свет продолжува. Тоа е борба за среќен и достоинствен живот.
Денес, додека го славиме 1 мај, 136 години по работничките протести во Чикаго, ја продолжуваме нивната борба. И кога светот се соочува со нови предизвици и економска криза, Владата покажа дека е вистински партнер на граѓаните и во ваква тешка година, потврди дека може да биде година на социјална правда, рекордно покачувајќи ја минималната плата, напиша Маричиќ.
Вицепремиерот наведува дека за напредок потребен е добро платен, задоволен и заштитен работник.
-Знаеме дека за напредок потребен ни е добро платен, задоволен и заштитен на работа работник.
Затоа имаме волја за залагање во градење општество на еднакви можности за сите, за позицијата на работниците, економски силно општество со работници кои можат достоинствено да живеат.
Изминатите години градевме општество на демократски вредности, слобода и граѓански права. Го вративме достоинството на работниците со покачување на платите во сите сектори, а социјалниот дијалог повторно го вративме на маса, напиша вицепремиерот Маричиќ.
Тој нагласува дека приоритет на Владата останува да биде подобрување на животниот стандард.
-Постигнувањето социјална правда, намалувањето на нивото на експлоатација на работниците, како и постигнувањето на највисоките меѓународни стандарди во областа на правата на вработените се и мора да бидат дел од нашите постојани аспирации. Трудот мора да се плати, а работникот да се цени.
Работници нека ви е честит Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај! За многу години, напиша вицепремиерот Маричиќ на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
