Маричиќ: Ова е предлог на кој треба да му се даде шанса
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во гостувањето на Сител кажа дека на францускиот предлог треба да му се даде шанса.
-Во тек се консултациите и интензивни контакти со кои сакаме разумно и со ладни глави да донесеме одлука. Имаме предлог во којшто македонскиот јазик е целосно гарантиран, без додавки, без фусноти, без ѕвездички и е вграден во самата преговарачка рамка, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ посочи дека секогаш и СДСМ и Владата се обидувале да работат со што поголем концензус и секогаш во интерес на граѓаните, иако постојано сме биле обременети со тешки проблеми и проблеми со соседите.
-Ние мали политички поени можеме веднаш да собереме, ако денес кажеме не на овој предлог. Но, проблемот нема да замине и ќе мора пак да бараме решение како достоинствено како македонци со македонски јазик да влеземе во ЕУ, додаде Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ рече дека Бугарија исто така има сериозни промени во ставовите и дека рамковната позиција пред три години која што беше усвоена од Собранието во однос на тоа што е денес, е сосем различна.
-Тоа значи дека нашата борба се исплатела и дала резултати. Сега нам ни е битно овој предлог да добие легитимитет за да можеме да го спроведеме. Можеби ова не е последна шанса меѓутоа ќе биде една пропуштена прилика ако кажеме не дефинитивно. Конечниот став ако одлучиме да кажеме не, ќе треба да објасниме кои се натамошните чекори. Мислам дека треба овој момент да дадеме прилика, потенцираше Маричиќ.
Ново на Сител
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина
-

Трамп вели дека мостовите и електричните централи во Иран се следните цели
