Маричиќ: Нашата генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција со членство во ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод триесет години од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации порача дека оваа генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција во Европската Унија.
- Денес одбележуваме три децении членство во Обединетите нации како држава членка на НАТО и земја која ги започна преговорите со Европската Унија. Тоа и нè обврзува да ја задржиме динамиката на евроинтеграциите и да ја завршиме македонската интеграција во големото европско семејство, стои на Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.
Тој вели дека заложбата за подобар свет, во кој владеат мирот, стабилност, толеранцијата, солидарноста, Северна Македонија ја прави пример за дипломатија и дијалог.
- Триесет години сме етаблирана држава на меѓународната сцена, со признаена култура, посебност и идентитет. Остануваме посветени на нашите клучни цели и вредностите на Обединетите нации, како одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, унапредување на човековите права, зајакнување на социјалниот и економскиот развој, посочува Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ пишува дека со говорот во ООН во 1993, тогашниот претседател Глигоров ги зацрта стратешките цели и приоритети на државата, и побара сите „заеднички да застанеме пред предизвиците и да ги направиме можност за брзо да напредуваме во преговорите со ЕУ, а Северна Македонија да ја направиме рамноправен партнер со земјите членки на ЕУ“.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии