Маричиќ: На голема врата се враќа проширувањето на ЕУ, со јасен план.
На голема врата се враќа проширувањето на ЕУ, со јасен план. Денеска австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер, формално ми го предаде Документот за Унапредување на постепената интеграција за Западен Балкан, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својата Фејсбук страница.
Маричиќ напиша дека ова внесува нова динамика на преговарачкиот процес и ја прави уште подостижна нашата цел за членство во ЕУ до 2030.
-Преку институционални инструменти, финансиска поддршка и постепена политичка и административна интеграција, кои предвидуваат редовно неформално учество на државите од регионот на состаноците на Советот на ЕУ и други работни групи каде што се дискутира на теми од заеднички интерес и дејствување. Динамизација на реформите со финансиска поддршка преку зголемена поддршка за зајакнување на капацитетот за апсорпција на ИПА и конзистентен пристап во надворешното финансирање на ЕУ за земјите кандидати и потенцијалните кандидати, вклучително и поблиска соработка со меѓународни финансиски институции, напиша Маричиќ.
Тој изразува очекување ЕУ и државите-членки да го поддржат и поттикнат забрзувањето на евроинтеграцијата на целиот регион.
-Наша задача е сега да испорачаме резултати и да ги завршиме обврските. Шансата ни е дадена, сега на сите нас е одлуката да ја водиме државата онаму каде сакаат нашите млади да живеат, во ЕУ, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис