Маричиќ му ја предаде функцијата на Тупанчески: Среќно колега
Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески.
Поранешниот прв човек на Министерството за правда Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.
„Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството. Среќно колега” - напиша на ФБ поранешниот министер за правда Маричиќ.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ