Маричиќ: Инвестицијата во вистински проекти отвора можности за младите и значително придонесува за промоција на европските вредности во општеството
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ го посети Скаут кампот Струга, каде се инвестирани средства од Европската Унија во соработка со Владата, со кои е спроведен проектот „Младински авантуристички туризам“ со што се зголемил сместувачкиот капацитет на Извидничкиот одред „Крсте Јон“, што, пак, резултира со зголемен број на туристи во регионот.
Со вкупен буџет од 17 милиони денари, од кои 15 милиони денари се финансирани од Европска Унија и Владата, а приближно два милиони денари обезбедени од „Крсте Јон“, се спровеле различни активности со што за 300 отсто се зголемил бројот на гости во периодот од 2020 до 2023 година со фокус на младите и странските посетители.
Како што истакна Маричиќ, придобивките од проектите на Европската Унија се многубројни, реални и даваат вистинска слика за тоа каква иднина може да создаваме за идните генерации, а инвестицијата во вистински проекти отвора можности за младите и значително придонесува за промоција на европските вредности во општеството.
-Новата и единствена понуда за млади туристи, извидници, авантуристи и патници со ограничен буџет привлече зголемен број на посетители во Струга. Зголемената понуда за транзитни туристи со ограничен буџет, особено за патниците од и кон Албанија, како и бројни авантуристи, велосипедисти, планинари, организирани младински и извиднички групи го активираа кампот, регионот и на македонскиот туризам му дадоа друга димензија, рече Маричиќ.
Струга и извидничкиот камп, додаде, станаа препознатливи како главна туристичка атракција за млади, активни туристи и претставуваат единствена дестинација за извиднички активности, настани и собири на извиднички сојузи од Европа.
-Скаут кампот во Струга станува препознатлив како главна туристичка атракција за млади, активни туристи во текот на целата година, со уникатни сезонски активности, истакна Маричиќ.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко