Маричиќ: Да останеме доследни на стратешката цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ
– Следната 2023 година да биде уште поуспешна година, да останеме доследни на стратешките цели и Северна Македонија да ги продолжи преговорите, порача заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во неговата новогодишна честитка до граѓаните.
– Во периодот кој следи мудро да ја искористиме наклонетоста која ја имаме кај европските институции, геополитичките случувања и доброто ниво на подготовка на земјата за побрзо да напредуваме во процесот на евроинтеграциите. Сето ова ми дава реален оптимизам дека 2023 ќе биде уште подинамична, но и поуспешна. Очекувам, во позитивна атмосфера, со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и уставните измени. Ова е прашање кое ќе го одреди правецот на движење на државата и европската перспектива. Очекувам сите да преземат одговорност за судбината на европскиот пат на Северна Македонија и наместо домашна блокада, Северна Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ, вели вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.
Во видео обраќањето тој, меѓу другото, посочува дека тоа е и желба на граѓаните на земјава.
-Граѓаните тоа го сакаат и знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и државата, наведува вицепремиерот за европски прашања.
Во годината која изминува, одговорно и мудро носевме државнички одлуки за иднината на државата, со кои, вели, после 17 години чекање, на 19 јули ја одржавме првата Меѓународна владина седница и официјално ги започнавме преговорите со Унијата, како Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Напорно и посветено работевме на европеизација на македонското општество, а следната година со јасен план и реформски приоритети, додава вицепремиерот, ни претстои брза трансформација, согласно европските стандарди и вредности.
Во честитката Маричиќ на граѓаните им ја честита новата 2023 година со желби за добро здравје, лична и семејна среќа и понатамошни успеси, порачувајќи во годината што доаѓа „да се радуваме на уште повеќе државни успеси, на кои сите ќе бидеме горди, а младите и идните генерации благодарни“.
Ново на Сител
-
Невладиниот сектор нотира: Пратениците носат закони по скратена постапка за да се задоволат апетитите на политичките гарнитури
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка
-
Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?