Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество

Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни, ја истакнал важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството,што се голем придонес за државата, информираа од СЕП.
Тој потенцирал дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес.
Маричиќ посочил дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чиј капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата.
Во обраќањето, се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ ја потенцирал важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Северна Македонија, со кој се реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.
- Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци. На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ, информираат од СЕП.
Вицепремиерот Маричиќ порачал дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството.
- Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030 година, рекол маричиќ, се наведува во соопштението од СЕП.
Средбата ја модерирала амбасадорката на САД Анџела Агелер, а се обратиле и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Ново на Сител
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
-

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, задржан во полициска стани
-

Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
-

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ
