Маричиќ-Брегу: Целта ни е ЕУ, затоа е важно паралелно да работиме и на регионалната соработка
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на министерскиот ЕУ состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), остварил средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
На средбата било разговарано за статусот на регионалните договори во рамки на Берлински процес, нивната имплементација и следните активности на Советот за регионална соработка, за кои вицепремиерот Маричиќ нагласил дека се „позитивен чекор кон подготовката на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ“.
Како што соопштија денеска од СЕП, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ додал дека регионалната соработка е составен дел од европската интеграција и клучна во достигнувањето на членството во ЕУ. Во тој контекст укажал дека за Северна Македонија останува регионалата соработка да е еден од надворешнополитички приоритети и дека ќе продолжи да биде конструктивен партнер на Советот за регионална соработка.
- Ќе продолжиме како земја да придонесуваме во подобрувањето на регионалната соработка и активно да работиме во рамки на иницијативите Берлински процес и Отворен Балкан, од кои конкретни бенефити имаат македонските граѓани и македонската економија, рекол Маричиќ.
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, ја потврдила заложбата и посветеноста на Северна Македонија на регионалната соработка и препознавањето на важноста на договорите кои беа потпишани на Самитот на Берлинскиот процес, во ноември минатата година.
- Таа упати благодарност до македонската Влада за поддршката што ја дава на работата на Советот за регионална соработка и брзата ратификација на договорите во македонското Собрание, со надеж дека целосно, во сите земји, ќе бидат имплементирани до октомври, кога е планиран следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана, стои во соопштението од СЕП.
Најавија дека вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска во Бечиќи ќе се сретне и со неговата колешка од Албанија, Олта Џачка.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот