Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека е задоволен од соработката со Британецот Енди Мареј и дека ќе остане негов тренер на неодредено време.
Седмопласираниот тенисер на АТП листата се опорави од повредата на ногата поради која се повлече од полуфиналниот меч на Австралија опен и моментално се наоѓа во Доха, каде што се очекува да настапи на АТП турнирот кој започнува во понеделник.
-Енди Мареј останува мој тренер. Имаме договор да работиме на неодреден период, тој ќе биде во САД, а потоа веројатно на неколку турнири на земја, па ќе видиме како ќе оди. Договорот се уште постои, изјави Ѓоковиќ за новинарите во Доха.
Српскиот тенисер додаде дека годинава ќе учествува на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, кои ќе се играат во март и претставуваат увертира на Ролан Гарос.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“