-->
-->
Мареј без борба најдобар светски тенисер?!
-->

Британецот Енди Мареј без борба стигна до финалето на Мастерсот во Париз со што стана новиот број 1 во светскиот тенис. Милош Раониќ го предаде мечот поради повреда, а Мaреј стана првиот Британец кој станал број 1 во Опен ерата.
Енди Мари официјално од понеделник ќе биде број 1 на АТП листата, со што ќе стави крај на владеењето на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер 122 недели о континуитет беше број 1, а во кариерата бил 223 недели светски број 1.
Мареј во финалето во Париз се пласира без борба, откако Раониќ му го предаде мечот. За титулата тој ќе се бори со Џон Изнер.
Мареј е првиот Британец кој застанал на чело на АТП листата во Опен ерата, а воедно е највозрасниот (29 години) број 1 уште од 1974 година.
Британецот од понеделник ќе има 10.785 бодови, пет повеќе од Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
