Џет-Сет
26. July 2015 - 10:38

Мараја Кери доби скапоцен подарок од своето момче

 

Музичката дива Мараја Кери не се одвојува од своето ново момче, милијардерот Џејмс Пакер. кој откако неодамна ја почести со луксузно крстарење, сега ја израдува со нов скапоцен подарок. 

Пакер и подари на Мараја 18-каратен дијамантски ѓердан, вреден половина милион долари.

Пејачката се пофали со подарокот на Инстаграм, а нејзината насмевка доволно зборува колку таа е среќна. Таа за возврат му ја посветила својата песна „Херој“ на настапот во Лас Вегас. гт/10:32