Македонија
25. November 2015 - 8:51

МАР ќе расправа за влијанието на цените на металите и другите минерални суровини

 „Влијанието на цените на металите и другите производи од минерални суровини“ е темата на која денеска ќе расправаат во Македонската асоцијација на рударството - МАР при Стопанската комора на Македонија. 

Како што е најавено, за утврдените заклучоци од расправата, ќе информира Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударството - МАР при Стопанската комора на Македонија.