Мапирана планинарска патека на планината Огражден

Планинари од Делчево и Берово ја имаа првата активност за мапирање на новата планинарска патека на планината Огражден. Како што информираше лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски, се работи за кружна патека во должина од 20 километри чија почетна точка е селото Двориште, а како крајна дестинација врвот Огражденец на 1746 метри надморска висина.
- Патеката ја мапиравме и имаме за цел да ја промовираме и од идната 2019 година да почнеме да организираме планинарски марши кој низ тек на годините очекуваме да стане традиционален. Се работи за средно тешка патека со 800 метри висинска разлика, истата поминува низ интересни живописни предели и е на некој начин во вистинска смисла планинарска патека, рече Чучуковски.
Планинарите од Делчево и Берово првично ја мапираа патеката, а во понатамошните активности целта е истата да се означи на тој начин што потоа патеката ќе биде подготвена за првиот планинарски марш на планината Огражден.
На планинарскиот марш кој се реализираше до Огражденец кој е највисок врв во општина Берово, учествувале членови на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево и нивниот огранок „СОСНА“ од Берово.
Ново на Сител
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
