Мануел Валс: Ние сме во војна
Францускиот премиер Мануел Валс денеска изрази солидарност со народот на Белгија по утринските нападите во Брисел, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Ние сме во војна и од пред повеќе месеци, во Европа сме изложени на воени акти, изјави Валс, потсетувајќи дека Европа се соочува со голема терористичка закана.
- Наспроти таа војна потребна е мобилизација на сите инстанци, Министерот за внатрешни работи потсети на нивото на таа мобилизација, наспроти овие воени акти и наспроти оваа закана која е многу висока. Ние ќе продолжиме да бидеме крајно внимателни, мобилизирани и одлучни наспроти теророзмот, додаде Валс.
Тој притоа потсети на синоќешното предупредување на министерот за внатрешни работи Бернар Казенев дека терористичките закани во моментов се многу поголеми од тие во ноември, кога беа извршени нападите во Париз и Сан Дени.
Франција денес мобилизира дополнителни 1.600 припадници на силите на редот за обезбедување на транспортните инфраструктури.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја