Македонија
10. October 2016 - 19:33

МАНУ одбележа 49години постоење

Македонската академија на науките и уметностите денеска ја одбележува 49-годишнината од основањето.

Во тек е реализација повеќе од 100 научно истражувачки и уметнички проекти од различни области, на 30-тина научни домашни и меѓународни собири,предавања,како и на богата издавачка дејност-15 зборници на трудови, 50 посебни изданија на МАНУ-  истакна претседателот на МАНУ академик Таки Фити.

Во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ  се одржи научна конференција на тема ,, Состојби и перспективи во Високото образование и науката “. 

Традиционално на овој ден се доделува  највисокото меѓународно  признание на МАНУ-  медалот  „Блаже Конески“. Добитници се Суад Енѓулу од  Турција и Душко Новаковиќ од Србија, за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот.