Македонија
6. July 2017 - 16:43

МАНУ нема информација за договорот меѓу Македонија и Бугарија

Првиот човек на МАНУ Таки Фити да одговори на завчерашните напади од Директорот на бугарскиот национален институт Божидар Димитров дека македонските академици се под контрола на премиерот Зоран Заев и дека токму затоа не го коментираат неговориот договор со Бојко Борисов, бараат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму веќе трет ден ги повикуваат Академиците да ги одбранат националните интереси оценувајќи дека е срамно ваквото молчење за Договорот.

-Таки Фити лично може да се согласува или не, со тврдењата на Димитров или со најавите дека Заев договорил да се бришат учебници, но како Претседател на највисоката научна установа има обврска да ги брани националните интереси. Таки Фити со недели го нема да се произнесе за атакот врз македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Сега и кога го прозиваат дека е подготвен за пари да си го промени идентитетот, тој повторно молчи, изјави Илиоски

Димитров пред два дена во интервју за бугарската БТВ ја обвини македонската највисока научна институција дека за пари се подготвени да го сменат и својот идентитет.

-Ќе ми дадеш пари ќе се пишам Бугарин, тоа е многу старо, заклучува Димитров. Тој не застанува тука, туку продолжува да зборува за украдена историја и менување на македонските учебници по историја“

По два дена молк, вчера по повиците од ВМРО-ДПМНЕ од МАНУ реагираа со соопштение. Велат дека изјавите на Димитров се неточни и тенденциозни, а неговите антимакедонски ставови се добро познати, па за тоа не заслужуваат посебен коментар.

-Меѓутоа, загрижува фактот што на таквите провокации се „прилепуваат“ наши политички партии, кои, без претходно да ги проверат фактите, ја обвинуваат МАНУ за „молчење за суштински прашања од посебен национален интерес, за наводна нејзина приврзаност кон една или друга политичка партија, за клиентелизам и за поткупливост“. МАНУ енергично и со индигнација ги отфрла ваквите ставови и квалификации, се вели во соопштението на Академијата.

Од таму велат доказ дека Акедемијата не била и нема да биде приврзок на ниту една политичка партија.

Во соопштението велат дека не поседуваат информации за преговорите и содржината на договорот со Бугарија и не можат да соопштат оценки и ставови за него.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираа со барање МАНУ да не се однесува индеферентно кон Договорот.

-МАНУ потврди дека Заев не ги консултирал, ниту пак имаат каква било информација што договорил на средбата во Софија. Само да се констатира дека МАНУ не поседува никакви информации околу договорот и да се кренат раце, односно да не се пројави никаков интерес какви отстапки прифатил Зоран Заев во својство на Премиер е во најмала рака недозволиво, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.