МАНУ и БАН ќе помагаат за реализација на Договорот за добрососедство
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) на денешната средба во Скопје изразиле подготвеност да им помогнат на своите влади во реализација на Договорот за пријателство и соработка и за таа цел двете академии ќе формираат меѓуакадемиска група, предводена од нивните претседатели.
Оваа меѓуакадемиска група, како што стои во соопштението од МАНУ, треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот.
Средбата се одржала во рамки на редовната соработка меѓу МАНУ и БАН, а бугарската делегација ја предводел претседателот, академикот Јулијан Ревалски.
На средбата, како што соопшти МАНУ, е потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и академии во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.
- Искуствата од досегашната соработка меѓу двете академии, која претходеше и даде свој придонес во постигнувањето на Договорот за
пријателство и соработка, ја засноваат увереноста дека само со таквиот пристап, својствен за науката, културата и уметноста се отвораат нови перспективи за Балканот како подрачје на мир, стабилност и развој, се наведува во соопштението.
За таа цел, подготвени да им помогнат на своите влади во реализацијата на Договорот, двете академии ќе формираат меѓуакадемска група, предводена од нивните претседатели, која треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот.
На средбата се допрецизирани заедничките научно - истражувачки и уметнички проекти врз кои ќе се работи во следните три години, договорени се апликации за научно-истражувачки проекти финансирани од европските структурни фондови и проекти што ќе се реализираат во рамките на трилатералната соработка МАНУ- БАН - САНУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето