-->
-->
Мане ново засилување за Ливерпул
-->

Репрезентативецот на Сенегал и досегашен играч на Саутемптон Саидо Мане е новото засилување за повеќекратниот првак на Англија Ливерпул.
Откако вчера успешно ги мина лекарските прегледи Мане денеска потпиша повеќе годишен договор со Ливерпул,а ќе го носи дресот со број 19.
„Црвените“ за откуп на договорот ќе треба да платат 34 милиони фунти на Саутемптон.
- Ова е голем ден за мене бидејќи потпишав договор со еден од најголемите клубови во Европа, изјави за официјалниот клупски сајт играчот.
Мане во дресот на Саутемптон одигра 75 натпревари и постигна 25 голови.
24-годишниот играч за Сенегел на 36 натпревари има постигнато 10 голови, а претходно има настапувано за Мец и за Салцбург.
Ливерпул во новата сезона веќе има потпишано со три играчи: Марко Грујиќ, Жеол Матип и Лорис Кариус.
Мане е петти играч кој од Саутемптон потпишува за Ливерпул од летото 2014 година. Претходно трансфери направија: Лалана, Ловрен, Ламберт и Клајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
