-->
-->
Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо
-->
Екипата на Зенит ја постигнаа четвртата победа во групата Л од Лига Европа откако синоќа на домашен терен во рамките на 5. коло го победи македонскиот првак Вардар со 2:1.
Италијанскиот тренер на клупата на рускиот тим Роберто Манчини со пофалби за своите играчи, но и со честитки за играта на Вардар на дуелот.
- Настапивме со комбиниран тим, но најважно е дека постигнавме победа. Бевме подобри во првиот дел кога постигнавме два гола и практично го решивме натпреварот. Вардар во вториот дел играше допадливо. Ние не реализиравме неколку шанси и не погодивме од пенал, изјави Манчини.
Во последното коло Зенит гостува кај Реал Сосиедад. Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, со тоа што Зенит има бод повеќе и нерешен резултат ќе им овозможи прво место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски