Манчини: Оваа репрезентација на Италија можеше да го освои Светското првенство
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини уште еднаш зборуваше за своето разочарување од отсуството на неговите избраници на Светското првенство 2022.
– И покрај големото разочарување, задоволен сум што се цени работата што ја направивме во изминатите четири години. Освојувањето на еврото не е наше единствено достигнување. Момците заслужуваат признание за постигнатото. Имаме посебен тим. Требаше да победиме во нашата квалификациска група за Светско првенство со најмалку два бода предност пред Швајцарија. Во Базел требаше да победиме со 3:0. Од септември постојано немаме среќа, но не можам да ги обвинувам играчите, тие покажаа добар фудбал. Направивме грешки и не ги претворивме нашите шанси во голови. Сега имаме можност да додадеме млади играчи во тимот, кои, се надевам, ќе ги добијат своите шанси во клубовите. Можеме да го следиме потенцијалот на младите момци. Овој тим со мало засилување можеше да го освои Светското првенство, изјави Манчини.
Тој најави промени во составот на следните натпревари на Италија.
– Треба да ја подготвиме репрезентацијата за Европското првенство кое ќе се одржи за две години. Ова е наша работа. Сакав да го освојам Еврото и Светското првенство. Сепак, за Мундијалот ќе мора да почекам, но ми се допаѓа оваа работа и сакам да направам нешто важно овде. Ако го земеме предвид нашето разочарување, тогаш се останато тече како и обично, додаде селекторот на италијанската репрезентација.
Италија не успеа да го помине полуфиналето во плејофот за Мундијалот 2022, откако на 24 март во Палермо загуби од македонската фудбалска репрезентација со 1:0.
Ново на Сител
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода