Манчевски: Значителен напредок кај министерствата за поголема транспарентност и отчетност
Има значителен напредок од голем број министерства и ќе направиме дополнителна проверка да видиме кој уште нема објавено од листата на документи за поголема транспарентност и отчетност на државните органи и ќе се заложиме за тоа, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Министерот Манчевски претходно предложи сет од 21 документи што Министерствата требаше да го објават во рок од 15 дена на своите веб-страници, како што се плановите за јавни набавки, Правилникот за внатрешна организација, Правилникот за систематизацијата на работните места и списокот на вработените. Сетот документи се унифицирани и важат за сите министерства со исклучок на Министерството за одбрана и МВР.
Прашан што доколку некои Министерства не ги објават документите, по завршување на рокот, Манчевски рече дека тоа се документи што согласно закон требало и до сега да бидат објавени.
-Ќе ги објавиме јавно и јас ќе ги повикам од прес-конфернеција. Ќе бидат ставени пред јавноста дека се тип на инстутуции што не ги објавуваат документите. Мислам дека мора да воведеме и друг вид на култура, каде јавноста ќе биде најголем контролор на инстутуциите. Другата опција е да пратиме инспекции, ама не секогаш и тоа функционира, изјави Манчевски.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала