Манчевски: Влезот на бугарски технолошки компании во земјава позитивен чекор

Влегувањето на бугарски технолошки компании на пазарот во Северна Македонија се прифаќа исклучително позитивно – се бара бугарска експертиза во секторот, како и во однос на законодавството. Веќе има многу добри примери во тие односи. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за емисијата „Светот е бизнис“ на бугарската „Блумберг ТВ“.
Манчевски рече дека во последните две години Владата во Скопје ги зајакнала инвестициите во иновациите, старапите, и вовела олеснувања за странските инвеститори
Тој рече дека целта е да се подаде рака на младите луѓе и тие да останат во регионот, наместо да се насочат кон Западна Европа.
-Се обидуваме да ги натераме младите да го развијат претприемачкиот дух и да бидат иновативни без речиси никаков ризик, рече Манчевски, истакнувајќи дека Северна Македонија има добра соработка со сите соседни земји, како и со САД и Израел.
Додаде дека ЕУ исто така помага за развојот на научните технологии во земјата, посочувајќи го за пример електронскиот регистар на население, што е направен со европски средства, а во моментот, како што рече, со тие средства се развива и новиот национален портал за електронски услуги.
Според него, Западен Балкан има потенцијал да се претвори во технолошки центар во Европа.
-Регионот претходно беше познат по негативни нешта. Веќе се повеќе започнуваме да даваме позитивни примери. По отстранување на политичките проблеми, можностите се огромни, рече министерот Манчевски за бугарската „Блумберг ТВ“.
Ново на Сител
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
