Манчевски: Следната година централен електронски регистар за граѓаните

Во текот на следната година Македонија ќе добие целосно функционален централен електронски регистар на граѓаните, со поддршка на ЕУ, информира денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Регистарот, според Манчевски, конечно ќе ги реши проблемите со базите на податоци на граѓаните во разни институции. Повеќе не треба да имаме проблеми во Избирачкиот список, со лични карти, здравствени картички и низа други документи и податоци, нагласи министерот Манчевски.
Како дел од денеска промовираниот проект „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот за интеграција во ЕУ GoDigital - Помош за реформа на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на МИОА, догодина ќе се воведе и целосно нов портал за е-услуги.
Со него, потенцира Манчевски, значително ќе се зголеми бројот на документи и услуги кои ќе ги добиваат граѓаните по електронски пат. Тоа ќе обезбеди заштеда и на време и на пари. Ќе се обидеме веќе во текот на годината заедно со проектниот тим да забрзаме дел од примената на проектот со буџетски средства, најави Манчевски, укажувајќи дека проектот има клучна улога за модернизација на администрацијата и за нејзино приближување до граѓаните.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар информираше дека за проектот се одвоени 1,5 милиони евра. Тој порача дека реформата на јавната администрација е суштински дел од процесот на интеграција во ЕУ и оти јавната администрација е еден од трите основи утврдени во стратегијата за проширување на ЕУ.
- Со тоа треба да се подготви јавниот сектор на земјите кандидати за ефективно и ефикасно спроведување и примена на регулативите на ЕУ и за предизвиците на членството, рече Жбогар.
Ново на Сител
-

Северна Кореја испука балистичка ракета
-

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
