Македонија
15. April 2019 - 16:24

Манчевски се предомисли, администрацијата ќе се подготвела за преговори со ЕУ

Министерот Манчевски го промени ставот, администрацијата сепак ќе била подготвена да одговори на барањата кога ќе почнат преговорите со Европската унија.  Во петокот во Брисел тој кажа дека таа нема ниту капацитет, ниту ресурси за такво нешто. Два дена подоцна вели дека во соработка со другите институции се бара начин како да се привлече кадар и од јавниот сектор и надвор од него за да се вклучат во процесот.

Сè уште не се знае како ќе се одвива процесот на префлување административци во приватниот сектор. Манчевски вели дека тоа ќе се случи кон крајот на годинава. Уверува дека за начинот на префрлување ќе бидат консултирани и

Синдикатите, со оглед на тоа што тие неколку пати досега протестираа, а најавија и генерален штрајк.

Според експертите, за да се подобри состојбата во администрацијата треба да се промени начинот на вработување. Но, најважно е службениците да сфатат дека тие се тука за граѓаните, а не обратно.