Манчевски: Промена на политиките во искористување на ИКТ во образованието
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска порача дека Владата ги менува политиките во делот на искористеноста на ИКТ во образованието.
- Досега се набавуваше хардвер, без некаков план за негова примена. Затоа денес училиштата ни се пренатрупани со компјутери кои не се користат. Имаме премногу железо, тие се веќе застарени и голем дел неупотребливи, рече Манчевски, во обраќањето на настанот на кој компанијата Мајкрософт ги претстави финалистите од натпреварот 365 Chalenge во кој наставници од целата држава претставуваа примена на ИКТ алатките во наставниот процес.
Манчевски истакна дека обврската да обезбедат можност за користењето на напредните ИКТ може да се постигне само во соработка со бизнис секторот, граѓанските организации и академијата.
Мора, потенцираше Манчевски, да развиеме наставни содржини кои ќе се презентираат преку користење на ИКТ.
Од големо значење е наставниците да ги користат информатичко комуникациските технологии во секојдневното работење, за ефикасно организирање на часовите и други настани во училиштата, за креирање интерактивни часови и поттикнување на креативноста на учениците, рече Манчевски.
Љупчо Георгиев, директор на Мајкрософт Македонија, пак, порача, дека е бескорисно „железото“ во училиштата ако нема информација.
- Како може детето да напредува ако нема информација која му е потребна и која може да ја искористи? Тоа е идејата на Мајкрософт, како да ги поттикнеме и да ги охрабриме да постигнат повеќе, рече Георгиев, потенцирајќи дека со прилагодување на новите трендови на учениците ќе им се пренесат содржини со кои ќе учат и ќе ја развиваат својата логика и креативност.
Влора Адеми, менаџер за развој на бизнисот во областа на образованието во Мајкрософт Македонија, побара надлежните институции да обезбедат пристап до Интернет на сите училишта за да може и наставниот кадар и децата да ги почувствуваат бенефитите од новите технологии и алатки.
- Имаме информација дека некои училишта немаат доволно Интернет, но исто така и пристапот до одредени алатки е блокиран. Ова е повик до МОН и МИОА барем да се деблокира пристапот до одредени функционалности на Офице 365 за да не е пречка за оние кои сакааат да бидат пионери во неговото користење, рече Адеми.
Финалисти на натпреварот на Мајкрософт се наставниците: Аида Петровска од ООУ „Димитар Миладинов“ Скопје, Марија Петреска од меѓународното училиште „Нова“, Игор Богданоски од ООУ Блаже Конески Прилеп, Елена Блажевска од „Кирил и Методиј“ Стајковци, Сатки Исмаили од „Кирил и Методиј“ Тетово, Добри Јовевски „Илинден“ Крива Паланка, Силвана Јакимовска Бинова „Страшо Пинџур“ Карбинци, Славица Карбева Стојковиќ од „Петар Поп Арсов“ во село Богомила, Бисера Ристиќ од „Гоце Делчев“ од Неготино и дарко Талески од „Кирил и Методиј“ во село Канатларци.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
