Манчевски: Отпуштања ќе нема, а вработувања согласно потребите
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека нема да има отпуштања во јавната администрација, а вработување ќе има согласно потребите.
Одговарајќи на новинарско прашање, Манчевски рече дека веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март кога Министерството законски треба да даде извештај за вкупниот број вработени во претходната година.
Анализите, како што посочи, ќе ја дадат вистинската слика за состојбите во администрацијата.
- Ние немаме инженери, градежни инженери, немаме архитекти, доволен број на правници. Немаме доволен број на висококвалификувани луѓе за да ги преземат раководните места во администрацијата, истакна Манчевски, додавајќи дека вработувањата ќе бидат согласно потребите, а самиот процес на вработување ќе биде транспарентен.
Во тој контекст посочи дека како Министерство треба да го имплементираат централниот електронски регистар на население, но за тоа, како што рече, во овој момент немаат капацитет и ќе мора под итно во првите шест месеци од следната година да се вработат електроинженери.
Коментирајќи го огласот за вработување на службеници во Собранието на Република Македонија каде е наведена националноста, Манчевски оцени дека огласот е дискриминаторски, но, како што рече, ќе се обидат да најдат начини да се исправат грешките.
- Веќе имаме доставено Предлог-амандмани за Законот за државни службеници што се наоѓа во Собранието. Наш став е дека Законот има поголем број на аномалии, но сите заедно треба да разговараме кои се промените што треба да се случат. Факт е дека Законот не е идеален и не може да ги реши сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Има вакви ситуации и ќе се обидеме да најдеме начини да ги исправиме грешките, изјави Манчевски одговарајќи на новинарско прашање по денешата промоција на проектот „Една точка на услуги“ на кој присуствуваше и постојаниот координатор на ОН и претсваник на УНДП во Македонија Луиза
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
