Македонија
6. May 2019 - 12:38

Манчевски: „Метлата“ апсолутно ќе ги фати оние кои земаат плата, а не одат на работа

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски изјави дека оние кои земаат плата, а не одат на работа ќе бидат фатени од "метлата" која ја најави премиерот Заев. Според него, сите реформи во однос на структурата на јавниот сектор ќе бидат дискутирани со сите политички партии опозицијата да нема простор да обвинува за политички реваншизам. Во однос на неговата работа рече дека можел подобро да ја извршува, но оти граѓаните го имаат последниот збор. Ќе ја почитува одлуката доколку Заев одлучи тој да ја напушти министерската фотелја како дел од промените во Владата.
 

Даниел Василев