Македонија
11. February 2019 - 16:18

Манчевски: А, каде да се вработуваат членовите и симпатизерите на СДСМ?

Новоотворените работни места во јавната администрација се потреба на државата, а не на политичките партии. Министерот за администрација ги праша новинарите, по 10 години дискриминација каде сега да се вработуваат членови и симпатизери на СДСМ?

10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор и ова е факт. Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата… Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, рече Манчевски.

И министерката за правда тврди дека новиот состав на комсијата која треба да се бори со корупција е избран во транспарентна и законска процедура, по бурните реакции во јавноста дека меѓу новите антикорупцинери се најде и баџанакот на спикерот Џафери.

Роднинските врски со овој степен не се опфатени. Но и да беше така, нема никакво прекршување на законот, смета Дескоска.

На предлог на СДСМ, Собранието во петокот ја избра мајката Бојан Јовановски за нов член на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации. Истражувачката репортерска лабораторија пишува дека препораката за мајката на Боки 13 дошла директно од Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ. За овој случај утре ќе се расправа и Агенцијата за медуими, на чија седница ќе треба да се реши дали таткото на Боли 13 ќе се откаже од сопствеништвото на 1 ТВ или неговата мајка ќе се откаже од државната функција.

Државната ЕЛЕМ пак во изминатиот период се покажа како најпримамлива за децата на јавните функционери. ќерката на спикерот Џафери и сестрата на министерот за култура Адеми се нови правници во ЕЛЕМ, додека синот на Грчев е вработен како инженер за животна средина.

Како  правник во МЕПСО е вработена и сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши. Пратеникот Мисовски пак својот син го вработи во Агенцијата за супервизија на осигурување, која за својата работа одговара пред Собранието.