Манчевски: Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција

Ѓорге Иванов не е достоен на функцијата што ја извршува. Тој денеска повторно се обиде да ја врати Македонија во изолација, каде што ја доведоа заедно со неговиот политички ментор Никола Груевски. Денеска Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против ЕУ и НАТО, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски по чествувањето на двата Илиндена на Мечкин Камен.
Тој му порача на Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција и да види дека со него се загарантирани македонскиот јазик, македонската национална посебност и македонскиот идентитет.
- Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита убаво, повторно, и Рацин и Прличев и сите кои денеска ги цитираше, кои никогаш како него не ширеле меѓунационална и меѓуверска омраза. Денеска Иванов повторно не успеа да се надмине во својата немоќ. Се стави против македонската иднина и против подобар живот, против повисоки плати и работни места. За среќа, ниту Иванов, ниту неговиот Груевски, нема да ја носат одлуката. Одлуката за подобар живот во Македонија ќе ја носат граѓаните, суверено и на референдум. Тие ќе кажат „да“ за македонската иднина, рече Манчевски.
Министерот апелира граѓаните што помасовно да излезат на референдумот, нарекувајќи го нов Илинден. - Ќе зачекориме во нашата светла иднина, а изолацијата и политичарите од минатото, како Иванов и Груевски, ќе бидат заборавени, порача Манчевски.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
