-->
-->
Манчестер Сити го купи Едерсон за 40 милиони евра
-->

Премиерлигашот Манчестер Сити се засили со досегашниот голман на Бенфика, Едерсон, објавија денеска англиските медиуми. За овој трансфер клубот од „Етихад“ плати 40 милиони евра.
Од вкупната сума, половина средства се за португалскиот шампион, додека другата половина ќе ја поделат поранешниот клуб на Едерсон Рио Аве и неговите менаџери.
Бразилскиот голман по овој трансфер станува втор најскап голман во историјата, зад Џанлуиџи Буфон, кој го чинеше Јувентус 53 милиони евра при преселбата од Парма од 2001 година.
Доколку сумата се претвори во фунти, Едерсон е најскап голман во историјата, бидејќи неговиот трансфер е 34,9 милиони фунти наспроти 33 милиони на Буфон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
