Фудбал
25. February 2025 - 8:43

Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот

Раководството на Манчестер јунајтед планираат големи отпуштања меѓу својот скаутинг персонал. Тоа е дел од следната рунда на намалувања во клубот, пишува Лук Едвардс во „The Telegraph“.

Сопствениците на клубот размислуваат и за затворање на канцеларии ширум светот, вклучувајќи ја филијалата во Лондон и канцелариите во странство, како што е Хонг Конг.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед ги откажал бесплатните ручеци за персоналот како дел од кратењето на буџетот. Покрај тоа, клубот на својата официјална веб-страница ги објави претстојните отпуштања на голем број вработени и претстојната трансформација на клубот.

По 26 натпревари, Манчестер јунајтед е на 15. место на табелата во Премиер лигата со 30 бодови.