Фудбал
24. February 2016 - 13:13

Манчестер Ј. продолжува да троши на трансфери

Челниците на Манчестер Јунајтед, во средата, објавија дека го договориле трансферот на 18-годишниот фудбалер на Бенфика, Ренато Санчез.
 
Англиските и португалските медиуми пишуваат дека Санчез во Јунјатед ќе се пресели по завршувањето на сезоната, а неговиот трансфер изнесува 31 милиони фунти.
 
Ренато Санчез е прогласен за еден од најголемите европски таленти, а за неговите услуги покрај Манчестер Јунајтед, наводно биле заинтересирани уште неколку големи европски клубови.
 
Тинејџерот, чија позиција е во редот за врска, со тимот од „Олд Трафорд“, треба да потпише договор до 2021 година.