Манастирски собир на Пониква по повод „Св. Василиј“
Голем манастирски собир се одржа денеска кај манастирот посветен на „Св. Василиј“ на планинските предели на Пониква. На собирот присуствуваа голем број верници од општините Кочани и Пробиштип и од регионот.
Со свечената златоустова Василева литургија чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија и Кочанското архиерејско намесништво.
- Посебно сум горд што на ова свето место, благодарение на нашите ктитори кои го изградија овој манастир, да се собира броен народ и да го слави празникот посветен на Св.Василиј Велики. Ме радува фактот што и кај овој мананстир во овие планински предели доаѓа броен народ со празнични лепчиња и пали свеќи за здравје и среќа, истакна митрополитот Брегалнички г.Иларион.
По свечената Василева литургија беше поделен празничен ручек во новоосветените манастирски простории кај кои ќе се градат идните конаци за сместување и престој на верниците.
Ново на Сител
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
ЕУ донираше еко автобуси за јавен превоз со Скопје, за редовно сообраќање се чека исход од набавката на нафта
-
Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година
-
Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка
-
Обвинителот Смит побара да се отфрли случајот со доверливи документи против Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини