Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор.
А, сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску со победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот.
Оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста. Се должи на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираа изминативе 4 години. 4 години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал.
Затоа, ги повикуваме граѓаните на 2 ноември, масовно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
