Манафорт: Случајот против мене е преувеличен
Доказите против мене не се силни и целиот случај е „преувеличен“, оцени шефот на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, кој е обвинет за повеќе финансиски прекршоци.
Адвокатите на Манафорт во поднесената одбрана на нивниот клиент наведоа дека тој е „успешен меѓународен политички консултатант, кој по природата на неговата работа, во име на странски политички партии, неминовно е вклучен во меѓународни финансиски трансакции’.
Тие сметаат дека Манафорт не направил ништо погрешно и оти не потои ризик дека ќе побегне од земјата.
Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводна вмешаност на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, доведе до покренување на обвиненија против Манафорт и неговиот соработник Рик Гејтс, поради перење пари и други кривични дела извршени во соработка со проруски политичари од Украина.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати