-->
-->
Мамо те молам убиј ме: Трпела незамисливи болки, а причината е убод од...
-->
Поради убод од крлеж, 16-годишната Џесика Стивенс цели 6 години се борела за сопствениот живот. Убодот бил на надколеницата, а девојката страдала од Лајмска болест. На местото на убодот и се појавило црвенило, а на почетокот Џесика мислела дека станува збор за осип. Сепак, крлежот бил преносник на Лајмса борелиоза, во првата фаза.
Се работи за црвенило кое се шири до 15 сантиметри во дијаметар и постепено згаснува во центарот. Ако во таа фаза личноста прими соодветен антибиотик, целосно се лекува.
- Еднаш кога Лајм го нападна мојот нервен систем не можев повеќе да ги мрдам моите нозе. Звук или светлина, сето тоа ми предизвикуваше напади. Мојот живот се сведуваше на болка, - вели девојката.
Кај Џесика се развил рефлекс дистрофија, пореметување вегетативниот нервен систем, која се манифестира на коските, мускулите и кожата. Во нејзиниот случај тоа значело дека и за најмалите болки мозокот реагирал, а потоа одговарал на тие информации со испраќање на хемиски соединенија кои предизвикувале болни рани на кожата.
- Имате чувство дека некој ве полива со бензин и ви ја пали кожата. Ништо не ги спречуваше болките, - вели девојката чија состојба било толку лоша што живееле на апарати.
Џесија ја молела својата мајка да ја пушти да умре...
- Ја молев мајка ми да ги исклучи апаратите. И велев дека нема да издржам ниту еден ден повеќе. Таа одби. Ми рече дека она не е Бог и дека само тој може да донесе таква одлука, - се присетува Џесика.
Тие продолжиле да се борат. Џесика и нејзината мајка заминале во Мексико каде еден лекар направил радикален и ризичен медицински зафат, кој е забранет во САД.
Џесика паднала во вештачка кома. И дале халуциногена дрога, анестезија и кетамин во значително количество. Немало гаранција дека ќе го преживее зафатот, а во кома била 7 дена. Докторите во САД велеле дека Џесика најверојатно ќе почине во Мексико. Меѓутоа, медицината некогаш прави чуда.
- По седум дена во кома, се разбудив а на телото немав рани. Не знаев каде сум, која сум, кои се моите родители. Го загубив видот, халуцинациите ба страшни. Тоа беше пеколот, - рекла девојката.
Заздравувањето траело со години. Лекарите после две години повторно ја вратиле во кома и и дале кетамин. Болката, раните и халуцинациите повторно биле неподносливи.
Па, затоа имало и трета кома, која за среќа била успешна. Процесот конечно покажал резултати. Денес таа е во инвалидска количка, бидејќи толку години поминала во болнички кревет. Девојката полека се опоравува и најбитно таа е здрава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата