-->
-->
Мамиќ: Вардар е незгоден противник, но ние сме фаворити
-->
Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ смеат да неговите фудбалери не смеат да го потценат македонскиот првак Вардар, но верува дека Динамо е фаворите и дека ќе го мине второто квалофикациско коло за Лигата на шампионите.
,,Вардар е шампион на својата земја и сигурно се работи за квалитетен и незгоден противник за кој мораме добро да се подготвиме. Видете го само Европското првенство на кое од натпревар во натпревар гледаме дека малите се се поблиску до големите, така да денеска нема лесни натпревари“ - вели Зоран Мамиќ.
Сепак, хрватскиот првак кој неколку сезони игра во грипната фаза од елитното натпреварување, но и Лига Европа иако важи за фаворит, Мамиќ смета дека треба добро да се подготват за да го поминат Вардар.
,,Ние сме фаворити, подобар тим сме и веруваме дека ќе поминеме. Знаеме кои се нашите цели, во оваа фаза од натпреварувањето нема место за поправен, треба добро да се подготвиме и спремни да ги дочекаме натпреварите, но мораме да одиграме многу добро за да поминеме понатаму“ - истакнува Мамиќ во изуавите за хрватските медиуми.
Првиот меч ќе се игра на 12 или 13 јули во Скопје, а возвратниот дуел на 19 или 20 јули во Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот