Малтешки свештеник проневерил половина милион евра, 150.000 евра потрошил на порно сајтови
Католичкиот свештеник обвинет за проневера на вкупно 500.000 евра донации потрошил 150.000 евра на порнографски сајтови, објавија малтешките медиуми.
Обвинителите успеаја да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со секс страници во живо, пишува Тајмс оф Малта. Исплатите траеле неколку години.
Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските инспектори дека тоа го направил затоа што бил во „сексуална криза“, пишува весникот.
Сегуна, парохиски свештеник во Марсакслок на југот на Малта, се изјасни за невин, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката.
Пред судот беа изнесени докази дека Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра. Освен пари, поседувал и колекција од пет мотоцикли и два автомобили.
Обвинителите изнесоа и информации дека Сегуна добил чекови од неколку илјади евра од постар припадник на парохијата. Старецот, кој оттогаш починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштија на судот.
Сегуна се правдаше дека чековите се всушност враќање на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие всушност требало да бидат поделени на локалните хуманитарни здруженија.
Ново на Сител
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера