Малолетникот од Кочани чиј татко се закануваше со убиство фатен како краде во Штип
Малолетниот Ром од Кочани чиј татко неодамна се закани дека ќе убива , деновиве крадел низ куќи во Штип. Домашните камери на штипјанка го лоцирале како спокојно влегува и со украденото излегува од нејзиниот дом, пишува ТВ Стар.
- На ќерка ми тоа се случи што и ја ограбија куќата, но детето е од Кочани затоа што оперираше во Кочани а сега почна и во Штип. Пари, палта на деца, ранци, алишта, се собрал и мобилни, таблети, часовници се живо е собрано од дете што пред два месеца беше во Кочани чиј родител се закануваше со оружје и така. Ќерка ми има камери и се но сега децата се плашат, не смеат ни дома да си отидат за да спијат.
Со оглед дека снимките биле кристално чисти и на полицијата и била доставена веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистинска збрка. Тогаш, тој при кражба на лице место беше фатен во населбата Трајаново Трло, а сопствениците не ја пропуштија приликата на малолетниот крадец да му покажат дека местото не му е таму.
Во јавноста се појавија снимки од кои се гледа како тие за стореното со него се пресметуваат.
На насилството врз малолетниот Ром молскавично одговори неговиот татко, кој со оружје преку социјалните мрежи се закани дека ќе се одмазди.
Полицијата реагираше и кога сите се надеваа дека малолетникот извлекол поука тој се појави во Штип и претпоставка е дека освен во куќата каде беше снимен оперирал и во многу други.
Без оглед на неговата идентификација и утврдените кражби од негова страна овој веќе искусен крадец поради годините сепак е на слобода.
- Чувството е ужасно, но најмногу ми е криво и болно за стресот на децата, меѓутоа уше поболно е што надлежните не реагирале соодветно, па му дозволиле повторно да се шета низ нашите домови. Го фатиле, признал дека краде и пак го пуштиле. Зошто?
- СВР Штип работи на целосно комплетирање и документирање на кривично правниот настан, по што ќе следи информација до јавноста, информираат од СВР Штип.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
