Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид

Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.
Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.
Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
МИА
Ново на Сител
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-

Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода
-

Денеска календарски ни започнува зимата и е најкраткиот ден во годината
