Малолетник зад волан направи карамбол кај Св. Наум

На регионалниот пат Охрид – Св.Наум вчера во 15:50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“ , паркирана од Ѓ.Ч. од село Мислешево, Струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во возилото „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
