Малолетник се обидел да силува 13 годишно девојче
Петнаесет годишен малолетник од Куманово се обидел да обљуби 13 годишно девојче од Штип. Вчера во близина на пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип во периодот од 17 до 19 часот малолетникот се опбидел да изврши обљуба врз девојчето, кое барало помош. Случаен минувач слушнал како девојчето повикува и бара помош, по што веднаш повикал полиција. Полициските служби го лишиле од слобода малолетникот од Куманово.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека 15 годишниот малолетник од Куманово и две години помалото девојче од Штип се запознале на социјалните мрежи, каде и имале комуникација.
За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа