Македонија
1. јуни 2022 - 16:22

Малолетник пукал со пиштол во близина на средно училиште во Бутел

На 31.05.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на средно училиште на подрачјето на Бутел, малолетник испукал куршум од огнено оружје, соопштија од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.