Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот што му овозможиле да купи алкохолни пијалоци, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот Т.Б.(44) и вработената В.Н.(54), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“.
- Пријавените физички лица, без да побаараат документи за идентификација, во нивниот продажен објект, на малолетно лице од Тетово, му овозможиле да купи алкохолни пијалоци од чие конзумирање, подоцна кај него настанало труење по што, во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга. На тој начин пријавените постапиле спротивно на забраната за продажба на алхохолни пијалоци на малолетни лица, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Ново на Сител
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
