Малолетник извршил полови дејствија врз деца од 9 и 10 години

Седумнаесетгодишник во повеќе наврати извршил полови дејствија над две деца на возраст од девет и десет години во село во Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, вчера во 16:15 часот во полициска станица во Скопје, четириесетгодишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син. Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21:40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.
Според пријавите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
