-->
-->
Малолетник изгубил контрола и паднал од мопед во Ченто: Момчето се бори за живот, сопатничката полесно повредена
-->
На 27.06.2018 година во 23:40 во Скопје, на улицата „Јужноморавски бригади“ 15-годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед „Лонгија“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над мопедот, се излизгал со мопедот надвор од коловозот и паднал на тротоар.Со возило на Итна медицинска помош тој и неговата сопатничка (на иста возраст) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на малолетникот му биле констатирани тешки телесни повреди (животно загрозувачки) и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатничката се здобила со телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
