-->
-->
Малолетник и 43-годишен маж тешко повредени при несреќа со мотоцикл
-->

На локалниот пат меѓу селата Гороно Коњари и Четирце вчера (19 април) во попладнвните часови, додека на сила беше целодневен полициски час, во незгода со мотоцикл повредени се 43-годишен кумановец и неговиот 17-годишен сопатник.
Како што информираат од МВР, управувајќи мотоцикл „jамаха“, 43-годишникот од кумановско Четирце изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17-годишниот сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
