Македонија
5. December 2022 - 16:42

Малолетник доби кривична пријава за „тероризам“ за лажни дојави за бомби во 4 средни училишта

Малолетник од Скопје заработи кривична за тероризам поради лажни дојави за бомби. На 4 ноември испратил маил до четири средни училишта со заканувачка порака.

Дојавата ја пратил од својот персонален компјутер. По откриената ИП адреса извршен е претрес во домот на малолетникот, а по извршен разговор со него тој го признал делото. 

И денеска лажни дојави за бомби се испратени во училишта во Кавадарци а беше евакуирана и една градинка. Министерот вели вакви хибридни напади се случуваат во целиот регион.

Ова е прв случај за кој полицијата поднесе кривична пријава, за останатите лажни дојави се уште се трага по сторителите. Во изминативе два месеци поради заканувачките пораки учениците изгубија многу часови од настава.